Откако Кристијано Роналдо направи пресврт во натпреварот што синоќа се одигра на стадионот Олд трафорд, позади него од публиката се развеа поранешното македоснко државно знаме со Сонцето од Кутлеш.

На натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и италијанска Аталанта, во кој домаќинот губеше со два гола разлика во првото полувреме, во второто се случи пресврт. Манчестер изедначи на 2:2 во второто полувреме, а при постигнувањето на победничкиот гол на Роналдо „експлодира“ 70 илјадната публика. Токму додека Роналдо му се радуваше на победничкиот гол во негова позадина се развеа македонското знаме со Сонцето од Кутлеш.

Видеото може да го отворите ТУКА.