Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо постигна гол на натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта (3:2). Италијанската екипа е 38-ма против која Португалецот има постигнато гол во Лигата на шампионите што е нов рекорд во елитното натпреварување.

Претходно, ниту еден играч во историјата на турнирот не успеал да ја погоди мрежата на толку многу екипи.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус на почетокот на сезоната.