На воениот полигон Криволак денеска ќе биде одржан брифинг за вежбата „Swift Response 22“, што ќе започне викендов и која и е досега најголемата вежба што се реализира во Македонија.

– Вежбата има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на полигонот Криволак за изведување и на ваков вид на воени вежби, информираа од Министерството за одбрана.

Како што посочуваат, на брифингот ќе бидат презентирани сите можности за медиумско покривање на вежбата, а медиумите подетално ќе бидат информирани и за целта и учесниците на вежбата.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, по брифингот, ќе дадат изјави за медиумиите.