Виктор Димовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, соопшти денеска владината прес-служба.
Одлуката за назначување на Виктор Димовски на оваа функција е донесена на редовната 139. владина седница.
Виктор Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој е доктор на политички науки. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил директор на Агенцијата за разузнавање.