– Промената на името не е доволна за почеток на преговорите. Датумот е претерана тема за поделби, поважно е прашањето за квалитетот на реформите. Толку сме сконцентрирани на добивање на датум, а тоа прашање треба да се релативизира. Многу е опасно да се фокусираме на датум оти тој нема да одлучи за ништо. На пример. сте усвоиле голем број на закони, но спроведувањето на тие закони не е на висина. Се наоѓаме во своевиден развод меѓу усвоената норма и реалноста на теренот, истакна францускиот амбасадор Тимоние во вчерашното интервју со Искра Коровешовска во Отворено на Алфа.

Тој меѓудругото посочи и дека не е астролог за да упатува на датуми, дека летово тоа секако нема да се случи, а до октомври има време во смисла дека прво треба да се види како ќе се развиваат настаните во ЕУ, вклучувајќи го и Брегзит.

Нашата Европа се соочува со голем број на негативности и тешкотии. Станува збор за голем проект. Октомври е еден нов ден, и тешко ми е во приликите какви што се сега, оти знаете не знаеме уште што ќе направи една од нашите членки Обединетото Кралство, чија иднина директно зависи од финансиските проекции на нашата европска иднина и е прашање од суштинско значење за иднината на Европа. Да ви дадам стриктни датуми нема да е коректно, јас не сум астролог, вели Тимоние.