Ситуацијата во Украина го отвори патот, меѓу другото, и за насилната трансформација на НАТО, која настана како резултат на агресијата на Алијансата врз поранешната СРЈ во 1999 година. Со вооружениот напад на Југославија, САД ја вратија војната во Европа. Сепак, тие не застанаа тука. Во следните години, напаѓаа многу државии и се бореа против нив, до нивно целосно уништување.

Ова во интервју за „Новости“ го оценува доајенот на германската и европската политика Вили Вимер, кој беше заменик-претседател на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за време на бомбардирањето на СРЈ. Вимер зборуваше за тоа дали Москва требало да дозволи проширување на НАТО во Европа.

Нова шанса за Путин?

– Во своето обраќање до рускиот народ на почетокот од минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин укажа на долгогодишниот став на Русија, особено на агресијата против поранешна Југославија, која беше спротивна на меѓународното право. Со водењето на таа војна, Северноатлантската алијанса од регионален, одбрамбен, стана глобален напаѓачки Сојуз, кршејќи ја Повелбата на ОН и изменувајќи го договорот на кој се заснова НАТО, самоволно и без согласност на нејзините членки. Путин ова во ниту еден момент не го одобри, вели Вимер.

Како тоа дополнително се одрази на развојот на настаните во Украина?

– На самитот во Букурешт во 2008 година, поради воздржаноста на Германија и Франција, не беше донесена одлука за прием на Украина и Грузија во НАТО. САД де факто ја поднетнаа одлуката за склучување билатерални конвенции со Украина. Се претпоставува дека на почетокот од октомври 2021 година, американскиот државен потсекретар Викторија Нуланд им понудила на своите руски соговорници на владино ниво еден вид „безусловна капитулација.“ Познат е натамошниот развој. Признавање на Доњецк и Лиганск, а Москва согласно членот 10 од основачкиот договор на НАТО го направи пристапот на Украина во Алијансата практично невозможен, без оглед на одлуката од Букурешт во 2008-ма , смета Вимер.

За тоа дали Зеленски имал „дил“ со Америка и НАТО, вели дека многу порано било јасно дека Украина е средство на САД.

– Во последните години сите можеа да видат дека Украина беше само средство за САД да ја постигнат својата цел против Русија. На озлогласената американска конференција во Братислава кон крајот на април 2000 година, САД го претставија својот иден концепт на Европа. По ова, за Русија веќе нема место во Европа. Западните аргументи за санкциите против Русија ја направија оваа форма на хибридно војување јасна и недвосмислена, рече Вимер.