Халфот на Челзи, Вилијан изјави дека ќе остане на „Стемфорд Бриџ“, каде се чувствува многу среќен и не сака трансфер во друг клуб.
Интерес кон Бразилецот имаше од страна на Барселона и Манчестер Јунајтед, а медиумите на Островот тврдат дека каталонците упатиле три понуди за него ова лето, но и трите предлози биле одбиени.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, пак, беше подготвен да понуди размена меѓу Вилијан и Антони Марсиал.
Бразилецот, сепак, решил да остане во Челзи по доаѓањето на Маурицио Сари.
– Отсекогаш сум бил среќен во Челзи и никогаш не сум рекол дека сакам да го напуштам клубот. Ова е нова ера, која започнува со доаѓањето на новиот менаџер. Имав многу добар разговор со него, па се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу победи. Се разбира, почетокот секогаш е малку тежок, додека се прилагодиме на новиот стил на игра. Ние, сепак, имаме сè што е потребно, за да го подобриме настапот, да продолжиме да работиме и да ја почнеме сезоната добро, изјави Вилијан.