Бразилскиот фудбалски интернационалец Вилијам призна дека би сакал повторно да работи под водство на Жозе Мурињо. Сепак, тој не кажа дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед каде тренер е Португалецот.

– Мурињо е најдобриот тренер со кого сум работел. Имаме добри односи, ние сме пријатели. Понекогаш кореспондираме. Тој е одличен тренер, јас сакам да работам со него повторно. Не знам дали има некој предлог од Манчестер Јунајтед. Но, Мурињо често комуницира со мојот агент и вели дека ми помогна да се преселам во Јунајтед. Сепак, јас сум среќен со Челзи. Ми се допаѓа животот во Лондон. Моето семејство се адаптира овде, па сакам да останам, изјави Вилијам.

Тој во Челзи пристигна во 2013 година кога менаџер на „сините“ беше токму Мурињо.

Инаку, португалскиот стручњак пред два дена побара од раководството на Манчестер Јунајтед да му обезбеди неколку засилувања за да има конкурентен тим за највисок пласман, а една од желбите му е ангажирање на Вилијан.