Поранешниот возач на Формула 1 и шампион во 1997 година, Жак Вилнев, смета дека двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер се виновни за конфронтацијата на трката за Големата награда на Бразил.
– На Фетел и на Леклар им е дозволено да се борат едни со други, но тие не треба да ја злоупотребуваат оваа слобода. Според мене, двајцата се виновни за судирот. Леклер делуваше премногу агресивно, а Фетел не мораше веднаш да ја затвори патеката во борбата со неговиот клупски колега. И двајцата направија грешка. Сето ова воопшто не беше потребно, бидејќи тие се бореа максимално за третото место. Мислам дека тие само сакаа да им покажат на сите кој од нив е подобар, изјави Вилнев.
На бразилското Гран-при, Леклер се обиде да го престигне својот партнер. Германецот се обиде да ја врати својата позиција, нивните болиди имаа контакт и на крајот останаа без пласман и без бодови