Дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли зборуваше за подготовките за мечот за 13. коло од италијанскиот шампионат против Наполи.

– Се надеваме дека ќе ја „свртиме“ ситуацијата што е можно поскоро. Поминуваме тежок период. Мечот е подеднакво важен и за Наполи, кој не победи пет натпревари по ред. Ние сме подготвени за натпреварот и се надеваме дека ќе ги оставиме сите сили што ги имаме на теренот, изјави Ромањоли.

Натпреварот ќе се игра на 23 ноември во Милано и со поечток во 20 часот.

Милан со 13 бода го зазема 14. место на табелата во Серија А, Наполи е седми со 19 бода.