Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи винско матине на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје.
„Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина.
Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 12:00 до 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица.
Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx