Непознато лице со јајца вчераноќ ја напднало фасадата на Владата, соопшти денеска МВР.

– На 04.06.2020 во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 03.06.2020, во периодот од 22.30 до 23.00 часот, непознато лице фрлило јајца на фасадата на предниот дел од објектот на Влада на РСМ. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, соопшти денеска МВР.

Ова е уште еден доказ дека едно лице со јајца врз фасадата на Владата повеќе боли отколку илјадници со боја по фасади на Собранието, министерства, споменици… во тн. шарена револуција.

Патем, актуелната власт, ја сруши оградата од Владата за да им ја доближи на граѓаните.

(Д.Г.)