Предлог – одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата во 2020 година (со прилог Анализа на остварени резултати од спроведувањето на стратегиските приоритети на Владата во 2018 година) е на дневен ред на денешната 132-ра владина седница.
На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација за денешната седница се предложени на разгледување и натамошно процесуирање Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, и Предлог – законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор.
Владата на седницата ќе се произнесе и за Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи.
Министерството за труд и социјална политика на оваа седница, како што соопшти владината прес-служба, ќе го презентира Извештајот за преземени мерки и активности за 2018 година и Оперативен план за 2019 година за спроведување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година, а Министерството за финансии на дневниот ред ја стави Информацијата за Стратегијата за развој на ИКТ на Царинската управа.