Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владиниот економски тим денеска ќе имаат средба со претставници на Сојузот на синдикати (ССМ).
Средбата, како што најавија од владината прес-служба, е предвидено да почне во 14 часот во зградата на ССМ.
Пред самиот почеток на состанокот претседателот на Владата, Зоран Заев и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, како што е најавено, ќе дадат изјава за медиуми.