Илбер Села е именуван за директор на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, соопшти владината прес-служба.
Владата го именувала Села на 123-та седница, а именувањето, како што се наведува во соопштението, е извршено во согласност со законските прописи, а конкурсот за избор за директор на Агенцијата бил отпочнат и завршен пред распишување на претседателските избори.