Со измените во Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на Република Македонија. Нема зголемување на платите на замениците на претседателот на Владата, соопштија од владината прес- служба.
Имено, се посочува, со Законот за Влада е предвидено претседателот на Владата од редот на министри да именува заменици кои го заменуваат во негово отсуство, а нивната плата треба да се утврдува со коефициенти утврдени со Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија.
Во изминатиот период Законот за плата во однос на називот на функциите не е усогласен со Законот за Влада, поради што Уставниот суд ја укина одредбата на Законот за плата во делот на потпретседател, затоа што не е усогласен со Законот за Влада. Во вакви услови се создаде пречка за пресметка и исплата на платата на замениците на претседателот. Со измени на Законот за плата се изврши терминолошко усогласување поради Одлуката на Уставен суд, поради што платите на заменик на претседател не се зголемуваат, туку наместо да се исплатуваат како на останатите министри, истите ќе се исплаќаат со ист коефициент пред да Уставниот суд ја укине одредбата, стои во соопштението.