На денешната владина седница на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.
Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ“ во Либан.