Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Мицкоски ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Македонија.
Овој Совет се основа со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.
Фото: МИА архива