Владата на Македонија денеска со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи 55-тата седница.
Седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи така што како и до сега ќе бидат почитувани протоколите за превенција и заштита од коронавирусот КОВИД-19.
За заклучоците од седницата ќе информираат од владината прес-служба со соопштение, по нејзиното завршување.