Владата на Србија денеска ја ограничи цената на основните прехранбени производи – цената на сончогледовото масло за јадење не смее да надмине 219,99 динари за литар, цената на белиот кристален шеќер не смее да биде повисока од 114,99 динари за килограм, а брашното од типот Т-400 не смее да биде повисоко од 84,7 динари за килограм.
Со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, Владата на Србија ги ограничи цените на нафтените деривати. Имајќи предвид дека се зголемени оперативните трошоци на стопанските субјекти кои тргуваат со нафтени деривати, беше одлучено да се зголеми износот на маржата што можат да ја наплатат, со цел товарот од кризата што е можно порамномерно да се распредели на сите учесници на пазарот, се наведува во соопштението од Владата на Србија.