Над 25.000 мигранти годинава го минале Ла Манш, покажуваат податоците на британската Влада.
На британското крајбрежје само во саботата пристигнале уште 19 мали чамци со 915 лица, соопшти британската полиција, пренесе Анадолија.
Вкупниот број на лица кои само годинава го минале каналот изнесува 25.146, а вкупниот број на илегални премини би можел двојно да се зголеми во споредба со 2021 година.
Британската Влада, пред два месеца, го објави контроверзниот план на Руанда за депортирање на мигрантите од Ла Манш во оваа централноафриканска земја, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил. Планот е во мирување во очекување на судска ревизија.