АД ЕСМ вчера произведе 16.363 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
Како што нагласуваат, при тоа во термоелектраните се произведени 13.223, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.140 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 мегават часови електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, соопшти Владата.
Владата секој ден соопштува колку струја е произведена, но не соопштува колку струја е увезено само вчера и колку милиони евра се потрошени за тоа во изминативе денови и месеци.