Владата на премиерот Димитар Ковачевски че ги проверува наводите кои ги изнесе првиот вицепремиер на истата Влада за процентите на вработување на Албанци во државните служби.
Како што објавивме, дилемата за процентот ја отвори изјавата на Груби на партиска трибина на ДУИ во Чегране.
– Работите што ги направивме не се малку, има ли Албанци кои велат дека не сме подобри од порано и посилни од било кога. Вработени се 41,5 отсто од Албанците. Ова е реалност, не се само зборови туку и со дела и го спроведуваме, изјавил Груби во Чегране.
Рамковно вработените, како што објави ТВ Сител, со години предизвикуваат реакции во јавноста. Над 10.000 Албанци само за да се постигне правичната застапеност земаа плата без да одат на работа. Проблем настана и со Балансерот според кој наместо 24,3 отсто согласно Пописот, во јавна администрација треба да се вработат 31,54 отсто Албанци, броејќи ја и дијаспората.
Од Владата, како што објави ТВ Сител, велат дека ќе ги проверат бројките на Груби.