Општините во Скопје во кои се регистрира загадување на воздухот може да достават барања до Владата за користење средства од програмата за намалување на загадувањето на воздухот за 2019 година.
Јавниот повик е објавен од Владата, а барањата треба да се достават најдоцна до 15-ти овој месец.
Предвидените средства се од програмата за намалување на загадувањето на воздухот за 2019 година, а се доделуваат за уредување зелени површини на градинки, основни и средни училишта и здравствени објекти во општините на територијата на градот Скопје.
Право на учество на јавниот повик имаат само скопските општини што имаат високо ниво на загадување на воздухот, а во согласност со податоците од мерните станици на Државниот автоматски мониторинг-систем.