Авион со 180 државјани на Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон.
Ова го објави Владата на својот Фејсбук профил.
– Осум автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација, се наведува во објавата.
Како што можи да се види и од фотографиите, во закуската на секое седиште во автобусот, има шише со пола литар вода и смоки.