Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски денеска ќе направат увид во градежните активности за изградба на станбена зграда во Пробиштип, наменета за социјално ранливи категории на граѓани.
Поради корона вирусот, од владината прес-служба, најавуваат дека настанот ќе се одржи согласно предвидените протоколи за заштита од Ковид 19, односно носење на заштитна опрема и физичка дистанца.