Премиерот (Димитар) Ковачевски на седницата за пратенички прашања истакна дека и во услови на незапаметена економска и енергетска криза во мандатот на оваа Влада минималната плата е зголемена 100%, односно 18.000 денари и додаде дека платите во образованието се зголемени за вкупно 36% изминативе години, соопшти Владата.

– Како Влада, остануваме посветени на настојувањата да продолжиме со интензивирање на политиките за забрзан економски раст и развој на државата, преку зголемување на домашните и странските инвестиции и директната поддршка преку зголемување на платите во сите сектори, минималната и просечната плата, но и пензиите, потенцираше премиерот Ковачевски, се вели во објавата на официјалниот профил на Фејсбук на Владата што ја предводи Ковачевски.

Брат брата не рани… гласи народната поговорка, а политичката: Владата и Ковачевски меѓусебно се поддржуваат и на социјалните мрежи.