Владата на седницата која ја одржа денеска донесе одлуки и нови мерки со цел справување со коронавирусот, дознава ТВ21. Меѓу нив, онлајн работа на државна и јавна администрација, автобусите да возат со половина капацитет и работата на економските субјекти да заврши до 23 часот.
-Препорака до цела државна и јавна администрација до ошпштините и судовите согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени, редуцирано или онлајн од дома
-Автобусите да возат со 50% намален капацитет
-Сите економски субјекти да работат до 23 часот
Инаку денеска во Собранието не се расправаше по предлог измените на законот за заштита на населението од заразни болести.