Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вечерва соопшти дека Владата на вечерашната седница го декласифицирала договорот за името со Грција и тој е веќе објавен на владината веб страница.
-Владата вечерва едногласно го рагледа и усвои извештајот за договорот за решавање на спорот со името и за стратегиско партнерство. Владата донесе одлука да го декласифицира Договорот кој веќе е прикачен на веб страницата на Владата и е достапен на целата јавност. Договор е насловен: Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 во Советот за безведност на ОН за престанување на важност на привремената спогодба од 1995 година и за воспоствавување стратешко партнерство меѓу страните. Со седницата претседаваше премиерот, а министерот Димитров ги информираше членовите на Владата за текот и за Договорот и исто така и за следните чекори кои следат. Премиерот нагласи дека тој лично силно верува во договорот бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање за иднината на земјата и дека оваа Влада е горда на ова решение како историска одлука, рече Бошњаковски.
Тој додаде дека локацијата и датумот за потпишување на договорот ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.
Договорот, односно Спогодбата додека траеше прес конференцијата на портпаролот на Владата, беше веднаш објавена на веб страната КОНЕЧНА СПОГОДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817 (1993) И 845 (1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 Г. И ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ