Владата донесе одлука со која на општините и градот Скопје им забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување.

-Оваа одлука е донесена затоа што сознанија велат дека општините основале јавни претрпијатија или дејности јавно осветлување или ја доделиле на постоечки јавни претпријатија. Овие одлуки ги носиме инклузивно со сите засегнати страни. Оваа влада работите ги решава со дијалог, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Премиерот истакна дека оваа одлука е со цел да се спречи злоупотреба и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија.