Владата планира да потроши 1,6 милиони евра за изнајмување 45 нови автомобили од висока класа со зафатнина над 2.000 кубни метри. И оваа набавка ќе се реализира преку тригодишен лизинг како и во изминатиот период.

Отворањето на понудите е закажано за 27 март, а понудената не треба да биде „невообичаено ниска“.

Компанијата која ќе ги понуди возилата ќе треба да обезбеди сервис, осигурување, регистрација, промена на гуми, зелен картон, пренос на дефектно возило за репрезентативните автомобили.

Тендерот се реализира преку Служба за општи и заеднички работи, која ги снабдува со стоки и услуги министрите, другите функционери и институциите.

Владата во четири наврати досега позајмува автомобили од висока класа, ги враќа за три години, а за таа услуга плаќа речиси иста цена колку што чини да се купи нов автомобил од истиот модел.

Во претходниот договор за изнајмување на возила за период од 3 години владата потроши 1,75 милиони евра за изнајмување на 45 возила. Тогаш беа изнајмени „шкода суперб“.

Така беше и во  2018 – 2020, кога беа потрошени 1,8 милиони евра за 46 возила „фолксваген пасат“, како и меѓу 2013 и 2015, кога се потрошиле 1,7 милиони за 42 автомобили од истиот тип.

Владата во четири наврати досега позајмува автомобили од висока класа, ги враќа за три години, а за таа услуга плаќа речиси иста цена колку што чини да се купи нов автомобил од истиот модел.

Првиот пат владата набави автомобили од висока класа преку оперативен лизинг во 2012 година, кога беа набавени 23 автомобили.