Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за ограничување на цените на основните прехранбени производи: кристал шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинско месо и млеко со 2,8 отсто млечни масти, така што тие да не го надминуваат нивото на цените на 15 ноември 2021 година.
Ограничувањето на цената е воведено за да се отстранат штетните последици и да се спречат нарушувања на пазарот и нема да се однесува на намалените цени (продажби, сезонски попусти или промотивни продажби) доколку тие важеле на 15 ноември 2021 година, туку за редовни, односно цени пред попусти.
Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просечните во последните 12 месеци, а за непочитување на горенаведените одредби, предвидени се глоби во износ од 100.000 до 2.000.000 динари (едно евро е околу 120 динари) како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.