Нема владина одлука за полициски час поради зголемената појава на вирусот. Аргументите за и против, го натераа министерот за здравство, Венко Филипче да го повлече предлогот и да го врати до Комисијата за заразни болести, дознава Алсат М.
И според ТВ 21 на денешната седница на Владата донесена е одлука да нема полициски час.
Претходно, Комисијата за заразни болести достави предлог полициски час од 22 до 5 часот наутро во кризните подрачја со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Ова е втор пат Владата да го одбива предлогот на Комисијата. Претходно тоа се случи со предлогот на Комисијата за полициски час за време на Рамазан Бајрам.
Според ТВ Сител, седницата на Владата се уште трае, но предлогот за полициски час нема да биде прифатен. Наспроти тоа, ќе бидат воведени засилени контроли во деловите каде има поголем број заразени.