Владата ги демантира и ги оценува како инсинуации тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за средбата на премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со делегацијата на работодавачите од текстилниот кластер.
Владата информира дека средбата е организирана на барање на работодавачите од текстилниот кластер со цел да се разговара за унапредување на условите за развој на текстилната индустрија.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес-конференција посочи дека до нив стигнале инфомрации дека министрите Царовска и Тевдовски денеска во Владата ги повикале претставниците на тектсилната индустрија и јавно праша која е целта на оваа средба и зошто се случува токму после првиот круг од претседателските избори.