Владата вечерва ја постави плочата со новото име пред влезот на зградата.

Името „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено на три јазици, на македонски, албански и англиски.

Поставувањето на плочата доаѓа ан ден рпед посетата на грчкиот премир Алексис Ципрас на „Република Северна Македонија“. Претходно на врвот на зградата стоеше натпис Влада на Република Македонија, но буквите беа симнати на 11-ти февруари, откако Собранието го смени уставното име по Преспанскиот договор.