Владејачкиот СДСМ кој како опозиција се бореше за власт на протести на кои полицајци се гаѓаа со бекатон плочки, се јуришаше на нив со контејнери на протестите, изгоре канцеларијата на Претседателот на Република Македонија среде Скопје… денес обвинува за „насилни протести и повредени полицајци“ на мирни протести.

Власта како да прижелкува да се случат инциденти на овие мирни протести против францускиот предлог пред Владата и Собранието на Република Македонија, за потоа полесно да се турка агендата што ја имаат. Некои медиуми, од свои извори, објавија дека таков план имало и за синоќешниот протест. Информациите не се потврдени, но синоќа оркестрирано повеќе медиуми објавија за „инциденти на протестите“.

Дел од јавноста виде слика од „насилниот протест“ кога граѓанин на полицијата, односно полицајка, и подава цвеќе, таа одбива да го прими. Тоа ли е „насилството“ за кое денеска соопштува владејачкиот СДСМ? Или пак моментот кога една од илјадниците учеснички на протестот го бакнува штитот на полицаецот кој мирно ја гледа?

Денешното соопштение од Бихаќска го објавуваме во целост, да знае јавноста од каде стигнуваат „вистината и лажните вести“ во Македонија и фотографии од времето кога СДСМ протестираше во Скопје и Македонија.

 

Најмалку четворица полицајци се повредени по синоќешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси.

СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби.

Центар за односи со јавноста на СДСМ

(Д. Г.)