ВЛАДИКА АГАТАНГЕЛ: За Велигден лани не затворија, а за празниците од другите вероисповеди беше се слободно

/ 10.03.2021

Лани не затворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно, истакна вечерва на ТВ Алфа Митрополитот Повардарски Агатангел.

Тој вели дека се надева дека ќе биде добро и дека нема да има последици и здравствени за луѓето кои ќе сакат да ја посетат црквата за време на православните празници и постови.

-Луѓето се исплашени, се трудиме кога ќе дојдат во црква да се носат маски и да се заштитиме, затоа што не сакаме црквата да е причина никој да заболи, тешко е им и на свештениците затоа мислам дека не е помогнато особено не на епархиите од страна на државата, а се трудиме да ги почитуваме мерките, вели Владиката.

Во однос на вакцините Владиката порача дека граѓаните треба да се вакцинираат по сопствено убедување, пожелно е да се вакцинираат сите граѓани, а тоа е одлука која треба сами да ја проценат луѓето.

-Многу семејства останаа без своите блиски и луѓето се навистина исплашени од пандемијата, посочи Агатангел.


Од истата категорија