Митрополитот загрепско-љубљански Порфириј денеска е избран за 46-ти патријарх на Српската православна црква.
По повод неговиот избор се огласија и камбаните од Храмот Свети Сава и Соборната црква во Белград.
Владиката Порфириј е роден во 1961 година во Бечеј, а на крштевањето го доби името Првослав.
Основно училиште завршил во Чуруг, а гимназија во Нови Сад. Бил ракоположен за монах од сегашниот епископ во Бачка, а потоа од јеромонахот Иринеј, во манастирот Високи Дечани, во 1985 година.
Дипломирал на Православниот богословски факултет во Белград во 1986 година, кога бил ракоположен во чин јероѓакон од тогашниот рашко-призренски епископ, а подоцна и од патријархот Павле, во манастирот Света Тројца.
Постдипломските студии ги завршил во Атина, а потоа заминал во манастирот Свети Архангели во Ковиљ, каде што бил ракоположен во свештеномонашки чин и назначен за игумен. Докторирал во 2004 година во Атина.