Одлуката за датум за старт на преговори најверојатно може да се очекува во текот на јули, порача попладнево претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.
По безусловната препорака за старт на преговори дадена од Европската Комисија во своите редовни извештаи за земјите од Западниот Балкан на 29 јуни, земјите членки на ЕУ ќе разговараат за ова прашање на 18 јуни во Луксембург.
-Романското претседателство го стави ова прашање на агендата на Советот на општи работи во јуни за прва дебата, намерата на Европската Комисија е да стори сѐ за да има дефинитивна конечна одлука на лето, изјави Јункер попладнево на прес – конференција со премиерот Зоран Заев во Брисел.
Владини извори за МИА велат дека добиле охрабрувачки пораки од шефот на Европската Комисија за време на денешниот состанок дека може да се очекуваМакедонија да го добие датумот за старт на преговорите со ЕУ во текот на јули, на следниот министерски совет за општи работи на ЕУ, додека пак на 18 јуни ќе се одржи само дебата по ова прашање меѓу министрите.
Македонската страна стравува дека поради послабото ниво на подготвеност на Албанија и резервите на земјите членки, Македонија би можела да стане заложник на групниот пристап на Европската Комисија.
Јункер одби да одговори на прашањето дали има намера експлицитно да побара од земјите членки да ги одвојат Македонија и Албанија. Но, владини извори тврдат дека денеска била ставена на маса опцијата Скопје да го добие датумот во јули, а Тирана малку подоцна, во октомври.
Премиерот Зоран Заев повтори дека е уверен дека одлуката ќе биде донесена во текот на ова лето.
-Нашата надеж е дека како што испорача Европската Унија преку Европската Комисија, дефинитивно и земјите членки треба да испорачаат кон С. Македонија, го заслужуваме тоа, сме заслужувале помалку, повеќе, 70 отсто, 90 отсто, сега заслужуваме сто отсто. Верувам дека во текот на летото ќе добиеме одлука за датум за преговорите, затоа што нема друга силна мотивација како ЕУ за целиот наш регион и за Северна Македонија, изјави премиерот Заев.
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој е еден од најгласните поддржувачи на брзо отворање на преговорите со Македонија на денешната прес конференција потсети дека во прашање е, не само стабилноста на регионот, туку и кредибилитетот на ЕУ преку наградувањето на напорите на македонската страна во склучувањето на Преспанскиот договор.
-Договорот може да има огромен импакт на целиот регион затоа што една земја и лидерство кое испорачало сѐ што се барало, а не е соодветно наградено ова не е добриот поттик, добрата мотивација. Ако е спротивно тоа ќе поттикне на пример исто и преговори меѓу Белград и Приштина, изјави Јоханес Хан.
Премиерот Заев по средбата со Јункер и Хан се виде и со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерин