Актуелната власт која македонскиот симбол сонцето од Кутлеш го брусеше насекаде низ Македонија од вчера има нов материјал за брусење. Со седум гласа „за“ и два „против“, државното знаме на Република Македонија по мејзиното осамостојување, со 16-кракото сонце од Кутлеш, од денеска е ново знаме на Општина Лозово.
За предлогот на советникот Зоран Иванов од ТМРО, покрај него, гласале тројцата советници од ВМРО-ДПМНЕ и тројцата од СДСМ, а против беа советникот од ЛДП-ДОМ и независниот.
– Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денеска успеавме и ова е за прв пат во Македонија, македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини, вели претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.
Симболот на древномакедонската кралска династија на Филип и Александар Македонски се наоѓа и на знамето на општината Пустец во Албанија, со доминантно македонско население.
Како што е познато, власта на експремиерот Зоран Заев, по потпишувањето на договорот со Грција за смена на уставното име на Македонија, во акцијата на бришење се што е поврзано со перидото од кој потекнува симболот, ги брусеше и шахтите низ Република Македонија за да и се додвори на грчката политика.