Институциите на гарнитурата која на власт дојде со насилни протести во кои беше запалена дури и канцеларијата на Претседателот на државата среде Скопје, со валкање со бои на згради, споменици итн. сега со притвори го заплашува својот народ кој на протестите вели „не“ за францускиот предлог и бугаризацијата на Македонија.
Мерка притвор во траење од осум дена определи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје против три лица поврзани со протестите од 5 јули пред
Собранитето и од 6 јули кај плоштадот „Скендербег“.-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули пред Собранитето на РСМ и од 6 јули кај плоштадот Скендербег, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по прозинесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од осум дена, согласно предлогот за водење истрага во скратена постапка, соопшти Основен кривичен суд Скопје.
Судот смета дека се исполенти условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно дека постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.