На 8 конгрес на бугарската ВМРО-БНД што до пред некој ден ја водеше Каракачанов, една од точките беше целосно фокусирана на политиката на Бугарија кон Македонија.
Според информациите, партијата бара интеграцијата на РМ оди преку признавање на историската вистина, бугарските корени на денешното население и заштитата на неговите права.
ВМРО-БНД ги повикува владите и политичките организации во Бугарија и во „Северна“ да воспостават федерација меѓу двете земји „врз основа на заедничкото културно и историско наследство и заедничките геополитички интереси“.