Нервозата кај Ковачевски и СДСМ е очигледна. Тие се очајни и фрустрирани затоа што гледаат дека над 75% од граѓаните сметаат дека Македонија се води во погрешна насока, што е резултат на неспособноста, неодговорноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое подолу го објавуваме во целост:
ВМРО-ДПМНЕ повторно подава рака во интерес на граѓаните и државата.
Затоа бараме СДСМ да се вразумат и да прифатат да се договори датум за предвремени парламентарни избори, а до тогаш да вклучат тимови од експерти да помогнат во изнаоѓањето на решенија за кризите и проблемите кои им тежат на граѓаните.
СДСМ треба да покажат доблест и интересите на граѓаните да ги стават пред нивните тесни партиски интереси и желбата за гола власт.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ