Во недостаток на сопствени инвестиции кои што би обезбедиле нови работни места за граѓаните, аболицираниот Зоран Заев се слика и се фали со странските инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, соопшти оваа опозициска партија.

– Тоа е израз на неспособноста и некадарноста на владата предводена од СДСМ. Да биде лицемерието поголемо токму странските инвестиции по кои што СДСМ и Заев фрлаа со дрва и камења кога беа во опозиција, сега им се единствена светла економска точка. Компаниите кои за СДСМ беа симбол за експлоатација на работници и ниски примања, сега за нив се компании кои поттикнуваат економски развој. Германската компанија „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“  е уште една од многуте странски инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Нејзиното работење е  само уште еден доказ за успешните економските политики кои ги имплементираше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кои резултираа со илјадници нови работни места, се вели во реакцијата.

Граѓаните, се додава во соопштението, се уште немаат видено никаков бенефит од криминалниот картел предводен од Заев.

– СДСМ единствено што успеаја досега да направат е да ги зголемат бизнисите на своите функционери,  на сметка на граѓаните кои се повеќе осиромашуваат.  Оваа влада на СДСМ покажа и докажа дека нема капацитет ниту знаење да носи инвестиции, а уште помалку да ја води државната економија која се повеќе тоне.  Граѓаните повеќе не можат и не смеат да живеат на работ на егзистенцијата и токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори за оваа црна власт на СДСМ конечно да си замине, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.