Али Ахмети покажа дека е газда на мафијата на власт ДУИ-СДСМ. Ковачевски е само статист помеѓу Заев и Ахмети. Обичен пиун кој само слуша и спроведува, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:
Сега е јасно зошто ДУИ се согласи пиунот Ковачевски да ја администрира владата, бидејќи се увериле дека ќе се поклонува не само на Заев, туку и на коалицискиот партнер. Мафијата на власт ДУИ-СДСМ перфектно е организирана само кога се работи за тендери, криминал и корупција. Тоа е единствената нишка која ги поврзува. Голата желба за власт за да крадат ја одржува оваа власт и за тоа наоѓаат совршен заеднички јазик.
Впрочем, така сатрапот на правдата Талат Џафери како курир на Ахмети еднострано договори распишување на дополнителни локални избори за градоначалник во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Без да се консултираат со некого, скриено од очите на јавноста, распишаа избори. Тоа е класично мафијашки дил, во кругот на две мафијашки семејства. Ахмети маредува, пиунот Ковачевски извршува.
Но како што крадат во тандем, така народот на предвремени парламентарни избори и ќе ги казни во тандем.