ВМРО-ДПМНЕ нема против предлози кои се компетентни и стручни во својата област.

– Останува да проследиме кои се тие експерти од уставното право кои ќе бидат предложени. Ако се партиски и политички решенија како што е самата Кацарска сосема е јасно дека нема да бидат прифатени. Потребни се решенија за кои ќе има заедничка согласност дека се квалитетни и професионални, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.