СДСМ и ДУИ да ја поддржат Резолуцијата, нема потреба од измени во текстот, ако се искрени кон Македонија, се истакнува во денешеното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост.
Текстот на Резолуцијата е сублимат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Резолуцијата ги истакнува црвените линии и ги штити јазикот, нацијата и идентитетот.
Резолуцијата е рамка од која не смее да излезе ниту Зоран Заев, ниту која било друга влада.
Ако СДСМ и ДУИ го имаат интересот на народот пред се нема зошто да не ја прифатат Резолуцијата.
Очекуваме да се надминат партиските интереси и сите да застанат зад интересот на државата.
Резолуцијата ќе биде национален став и како таква може само да ги зацврсти македонските позиции.
Апелираме да не се наоѓаат изговори и низ Собрание да се кочи Резолуцијата. Очекуваме одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ