Задоцнета помош не е помош, поради СДСМ граѓаните и стопанството два месеци беа оставени сами на себе, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

-СДСМ уште еднаш го покажа своето лицемерие пред јавноста. Поради Заев и власта, граѓаните и стопанството два месеци беа оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати апелираше петтиот пакет на мерки да се изгласа што е можно поскоро, но очигледно Заев и власта пред се се грижеа за своите криминали отколку за граѓаните кои не земале плата два месеци. Талат Џафери и владејачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар. Ако власта беше чесна и искрена мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.