Зоран Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во владата, со кого се сретнал и за што е разговарано?!- се вели во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите видовме како функционери и коалициони партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број на криминали. Зоран Заев не одговора дали покрај средбите со неговите луѓе, партиски соработници и коалициски партнери, Пекер имал средби и во владата, за што е разговарано, дали можеби е зборено за бизниси и дали тие бизниси се поврзани со Вице Заев?!- прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста, се додава во соопштението, заслужува да знае!

-Дополнително Заев мора да одговори, дали во целиот период додека Пекер бил во Македонија, тој не добил известување од АНБ за опасноста на истиот, а со тоа и дека тој и неговите луѓе не треба да комуницираат со него? Доколку не што правела АНБ? Доколку да, зошто не ги послушал? Дополнително зошто и кој дал наредба Пекер да добие полициско обезбедување и коли со флешери, како да се работи за странски државник од највисок чин, а не за криминалец?! Заев може да молчи, но одговори на овие, и на многу други прашања мора да даде, дали сега, или за некое време сеедно, но одговори, а и одговорност ќе има, се вели во соопштението од опозициската партија.