ТИПИЧЕН ПРИМЕР ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ ОД ВИЦЕПРЕМИЕРОТ КОЧО АНЃУШЕВ!
Вицепремиерот Кочо Анѓушев преку видеопорака од САД најави инвестиции на компании од САД!
Тој во своето излагање посочува дека во рамките на посетата на САД имале СОСТАНОЦИ и РАЗГОВОРИ со компании од САД за да после тоа изјави дека тие компании ЌЕ инвестираат во земјата.
Во продолжение на изјавата ретерира посочувајќи дека бил среќен од исходот од разговорите бидејќи некои од тие компании пројавиле ИНТЕРЕС да инвестираат, па после тоа изјавува дека некои од тие компании биле веќе ПРЕД ФИНАЛНА ОДЛУКА да инвестираат.
На крај, тој посочува дека Македонија станала интересна дестинација за американските компании најавувајќи инвестици на високо технолошки компании кои ќе инвестирале 100 и над 100 милиони евра и ќе вработувале по 300-500 вработени.
Се поставуваат повеќе прашања:
Прво, дали компаниите пројавиле ИНТЕРЕС, се ПРЕД ФИНАЛНА ОДЛУКА или ЌЕ инвестираат?
Второ, како може од еден разговор компаниите да бидат веќе пред финална одлука ако знаеме дека тој процес реално трае со месеци и години?
Трето, како тој од еден разговор знае колку ќе биде износот на инвестициите и бројот на вработени?
Четврто, како може со толку голема леснотија Вицепремиерот Анѓушев да најувавува инвестиции од 100 и повеќе милиони евра врз база на само еден протоколарен разговор со неколку американски компании. Ова особено во услови кога во 2018 година во Република Македонија имало прилив на СДИ од САД во износ од минимални 2.4 милиони евра.
Да му посочиме на Вицепремиерот дека Република Македонија постана интересна земја за американските и други инвеститори од светот поради политиките за привлекување на СДИ од страна на претходната Влада кои политики подразбираа градење на ТИРЗ зони низ повеќе региони на земјата, градење на мрежа на промотори низ светот, силна маркетинг кампања за презентирање на потенцијалите и можностите што ги нуди земјата, организирање на огромен број на посети и средби со илијадници компании насекаде низ светот.
Резултатот од тоа се евидентен! Голем број на реномирани компании (вклучувајќи и компании од САД) кои инвестира во земјата во минатот, а кои денес произведуваат, извезуваат, вработуваат. и придонесуваат позитивно за македонската екоонимија. Единствено што им преостана на оваа Влада на СДСМ е да се фали со тие инвестиции и да ги ужива благодетите од веќе стекнатата инвестициска позиција на земјата пред странските компании.
За разлика од некое претходно време, овој неспособен економски тим на Владата на СДСМ го уништува се она што беше градено со години во делот на СДИ и резултатот денес се катастрофални 55 милинони евра прилив на СДИ за првото полугодие од 2019 година. Напишаа од комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.